Адвокатот на Мухамед Асани казнет со 1.000 евра зашто не се појави на суд, Веапоска најавува протест

Во кривичниот суд Струга денеска повторно се одложи судскиот процес кој се води против гинеколозите Мухамед Асани, Блертон Асани и Лилјана Јованоска а во врска со извадените органи на Јалдз Веапоска која при царски рез остана без матка, јајник и бубрег.

Судијата го казнил адвокатот на првообвинетиот гинеколог Мухамед Асани, со 1000 евра глоба и го отстрани од адвокат во предметот. На Мухамед Асани ќе му биде назначен адвокат по службена должност. Следното рочиште е закажано за в среда во 12 часот.

– Денеска се одложи рочиштето поради недоаѓање на адвокатот на Асани. Дали е ова нормално? Дали има човечност да се одлага и да не доаѓа адвокатот? Најавувам протести, ако до крајот на месецот судењето не заврши. Како што дојдов денеска со многу луѓе од Дебар, така најавувам поголеми протести пред судовите во Дебар, Струга и Скопје и сите судови ќе се блокираат за јас да ја добијам правдата, изјави за „Слободен печат“ Јалдз Веапоска.

Денеска во судница дошле и медицински вештаци кои го изготвија супервештачењето за нејзиниот случај, но не можеа да бидат испитани бидејќи првообвинетиот Мухамед Асани дојде а неговиот адвокат не.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот