Адријано мртов пијан се шета низ улиците на Рио (ВИДЕО)

Бразилецот ги имаше сите предиспозиции да стане еден од најдобрите фудбалери на светот.

Адријано е најпознат по настапите за Интер, а беше огромен талент на кого му се предвидуваше голема иднина и статус на фидбалска легенда, но неговата кариера никогаш не ги оправда очекувањата. Неговата кариера почна да оди по надолна линија по смртта на неговиот татко што Адријано стана сосема поинаков човек и фудбалер кој се оддаде на алкохолот, а беше обвинет и за трговија со дрога.

Адријано одлучи пред својата 30. година да ја прекине фудбалската кариера и се врати во својата фавела во Рио де Жанеиро, а како изгледа неговото секојдневие се открива на социјалните мрежи. На едно од последните видеа се гледа како Адријано пијан излегува од забава во Рио, а му помагаше пријател кој го придржуваше да не падне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот