Адмирал Лиза Франчети стана првата жена на чело на американската морнарица
Американскиот Сенат гласаше за одобрување на адмирал Лиза Франчети (59) да ја води американската морнарица.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Како началник за поморски операции, таа стана првата жена што се приклучи на елитната група високи воени офицери кои го сочинуваат Здружениот Генералштаб на американската војска, јавува Би-Би-Си.
Нејзината номинација беше одобрена со 95 гласа „за“ и еден против, откако Сенатот се обиде да ги пополни критичните позиции во военото раководство.
Франчети е ветеран на морнарицата и поранешна началничка на американската Шеста флота и американските поморски сили во Јужна Кореја, а исто така служела и како командант на носач на авиони. Таа беше номинирана од американскиот претседател Џо Бајден. Американската крајбрежна стража е предводена од жена, адмирал Линда Фаган, но таа гранка спаѓа под Министерството за домашна безбедност, а не под Министерството за одбрана.
Генерал Дејвид Олвин е назначен за началник на Генералштабот на американските воздухопловни сили, а генерал-полковник Крис Махони е именуван за помошник командант на маринскиот корпус, откако неговиот претходник во неделата доживеа срцев удар, јавуваат американските медиуми.


