Адис Јаховиќ има нова понуда од Турција

адис јаховиќ
Адис Јаховиќ би можел од следната сезона да настапува за Бодрумспор/Фото: facebook.com/Goztepe/goztepe.org.tr

Адис Јаховиќ (35) кој од 2014 година настапува на турско тло, има понуда настапува во тамошната втора лига.

За повремениот македонски репрезентативец според турските медиуми интерес покажува Бодрумспор кој за првпат во својата кариера ќе игра во втората лига.

Договорот на Јаховиќ истеча со Гезтепе кој испадна од најдобрата турска Суперлига.

И претседателот на Бодрумспор потврди дека ја следат ситуацијата со нашиот напаѓач.

Јаховиќ во Турција претходно играше уште за Коњаспор, Јени Малатјаспор и Анталијаспор. За нашата А репрезентација има 19 настапи и три голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот