Адетокумбо инвестираше пари во Челси, стана косопственик
Првата ѕвезда на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо, направи голем чекор надвор од НБА-паркетите и влезе во светот на фудбалот, откако стана ко-сопственик на женскиот фудбалски клуб Челси.
Препорачано
Грчкиот кошаркар, кој има 31 година, не го криеше задоволството од новиот ангажман и јавно истакна дека сака да даде свој придонес во развојот и унапредувањето на женскиот спорт.
„Реномето и историјата на Челси зборуваат сами за себе. Чест и задоволство ми е што ќе бидам дел од иднината на клубот и што ќе помогнам во неговиот понатамошен раст, како и во јакнењето на влијанието на женските спортови. Ова е приказна за визија, традиција и подигање на спортот на повисоко ниво. Напред Челси“, порача Адетокумбо
Адетокумбо има блескава НБА кариера зад себе, со шампионска титула и признание за МВП на финалето во 2021 година, како и две награди за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната. Во исто време, женскиот тим на Челси моментално ја зазема третата позиција на табелата во англиското првенство со 27 освоени бодови.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
6час
-
6час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


