Абрамович го продава Челси за рекордна цена од 5,2 милијарди долари

Роман Абрамович, екс газдата на лондонски Челси/Фото: EPA/ANDY RAIN

Роман Абрамович го продава фудбалскиот клуб Челси за рекордна цена. Премиерлигашкиот гигант на рускиот олигарх е условно продаден на конзорциум на холивудски милијардер за 5,2 милијарди долари.

Главниот купувач е индустријалецот Тод Боели, косопственик на бејзбол клубот Доџерс и Лејкерс кошаркарските спортски клубови во Лос Анџелес. Тој е и привремен извршен директор на Холивудската асоцијација за странски новинари (ХФПА).

Абрамович лично нема да добие пари од рекордната продажба. Околу 1,85 милијарди долари што Абрамович му ги позајми на клубот во текот на годините ќе одат во хуманитарни цели, што ќе се утврди подоцна.

Друг дел од продажната цена – 2,1 милијарди долари во текот на 10 години – е издвоен за инвестирање во клубот.

Абрамович беше принуден да го продаде клубот поради санкциите воведени по почетокот на руската агресија врз Украина. Беше сопственик на Челси речиси 20 години. Тој го купи за 172,4 милиони долари и инвестираше многу за клубот. Под негово водство, клубот освои 18 трофеи, стана вистински конкурент во Премиер лигата.

Завршувањето на продажбата се очекува кон крајот на овој месец по регулаторните одобренија, соопштија од Челси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот