Абе: Високите температури во текот на летото, веројатно нема да го спречат пренесувањето на новиот коронавирус

epa08442997 A specialist wearing a protective suit and face mask disinfects a beach resort in Ostia, near Rome, Italy, 25 May 2020. As part of phase two of the coronavirus emergency, a Lazio Region order allows beach resorts to reopen from 29 May, media reported. EPA-EFE/EMANUELE VALERI

Јапонскиот премиер Шинзо Абе изјави денеска дека високите температури во текот на летото веројатно нема да го спречат пренесувањето на новиот коронавирус, имајќи предвид дека бројот на заразени е голем дури и на Блискиот Исток.

– Не можеме да бидеме релаксирани само затоа што доаѓа лето, бидејќи инфекцијата се шири и на Блискиот Исток каде се високи температурите, истакна Абе, демантирајќи ја идејата дека топлото време може да има главна при намалување на инфекциите.

Температурите на Блискиот Исток надминаа 35 степени Целзиусови во градовите како што се Техеран и Ријад, каде, според податоците на Светската здравствена организација, се потврдени околу 185.000, односно 123.000 случаи.

Во Катар, каде највисоката температура достигна околу 40 степени во последните две недели, во просек дневно се заразуваат околу 1.500 луѓе, што е повеќе отколку во април кога било постудено.

Абе потврди дека Владата настојува да ја прошири медицинската стратегија и тестирањата во пресрет на евентуалниот втор бран на епидемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот