Абазовиќ ја повика ЕУ да го оживее процесот на проширување

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Претседателот на црногорската Влада во технички мандат, Дритан Абазовиќ денеска изјави дека смета оти Европската унија мора да го заживее процесот на проширување доколку сака да остане привлечна за новите членки и на тој начин да го спречи влијание на трети страни во регионот.

Абазовиќ ова го изјави на Форумот за безбедност во Варшава, кој се одржува во главниот град на Полска, каде што на панелот говореше на тема „Глобални предизвици, глобални коалиции? Како може колективниот Запад да изгради партнерства во надворешната политика“.

-Додека важните одлуки се одложуваат, трети страни бараат простор да отворат нови жаришта на Западен Балкан, рече Абазовиќ и посочи дека Црна Гора има надворешна политика која е целосно компатибилна со ЕУ.

Како што соопшти Владата, Абазовиќ нагласи дека Црна Гора ги испочитувала сите пакети санкции што беа донесени за да се потисне руската агресија врз Украина.

-Ние сме и земја со најголем број бегалци во Европа, во однос на бројот на жители. На добар пат сме!, заклучи Абазовиќ.

Проширувањето со деветте земји ќе ги чини веќе постоечки членки на ЕУ над 250 милијарди евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот