А беше толку сигурна во себе: Катастрофален дебакл на Меган Маркл! (ФОТО)

профимедиа

Војвотката Меган Маркл синоќа во придружба на сопругот Хари за прв пат прошета на црвениот тепих на филмска премиера откако стана член на британското кралско семејство.

Поранешната актерка едвај дочека барем на кратко да прошета по патеката на својот стар живот и не е чудо што сакаше да заблеска во полн сјај.

Но, поради преголемата желба да остави добар впечаток, Меган направи тотално промашување. Нејзиниот црн кожен фустан со ракави од тул беше целосна утка бидејќи, пред се, сосема е очигледно дека бројот одговара на фигурата на војвотката пред бременоста.

профимедиа

Фустанот кој го потпишува Џејсон Ву беше барем 2 броја помал, со оглед на тоа дека кај војвотката јасно се виде дека „кипи“ вишокот од градите, но и кај стомакот.

Покрај црната тоалета Меган ги облече и омилените Аквазура потпетици, кои и претходно сме ги виделе на неа и торбичка од познатиот бренд Гучи.

профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот