Израел воведува контроверзни ковид-беџови

Во Израел е регистриран новсој коронавирус/ Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

„Светскиот шампион“ во вакцинација, Израел, почнува контроверзен проект на ковид-беџ, кој со својата боја ќе покаже дали некое лице е вакцинирано или не, со што ќе се овозможи да влегува во ресторани или на концерти.

Израел е прва земја во светот со стапката на вакцинација – сега светот ги гледа резултатите

Владата објави систем на беџови – виолетова за оние кои не се вакцинирани или примиле само една доза и зелена за оние кои примиле втора вакцина или прележале ковид-19.

Во последните денови официјално се најавува распоредот за излегување на Израел од третиот карантин од почетокот на пандемијата, благодарение на интензивната кампања за вакцинација што ја претвори земјата во мала „светска лабораторија”, јавија локалните медиуми.

Израел „скова“ план како да ги мотивира граѓаните да се вакцинираат: Се ограничува пристапот до кафулиња, култура и ред други рестрикциии

Досега се вакцинирани четири милиони Израелци или 45 проценти од населението, од кои 2,6 милиони примиле втора доза, според најновите податоци на Министерството за здравство, што е највисока стапка на вакцинација во светот.

Единечна доза од вакцината на Фајзер 92 проценти ефикасна, покажа истражување од Израел 

Со ефикасна вакцина и висок процент на вакцинирана популација, властите планираат од недела постепено да отвораат спортски сали, трговски центри, ресторани и кафулиња.

Израелската „магија“ тешко ќе ја стигне Македонија

Вакцинацијата го намалува ризикот од пренесување на вирусот, тврдат израелски научници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот