Под знак прашалник настапот на Ван Дајк против Тунис
Холандската репрезентација е на чекор до пласман во осминафиналето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, но во таборот на „лалињата“ накратко се појави загриженост околу здравствената состојба на капитенот Вирџил ван Дајк.
Препорачано
Искусниот дефанзивец беше заменет во финишот од натпреварот против Шведска поради повреда, што веднаш ги вклучи алармите кај холандските навивачи. Сепак, фудбалерот на Ливерпул брзо ги смири страстите и објасни дека не станува збор за посериозен проблем.
„Добив силен удар во колкот и повеќе не можев да го чувствувам горниот дел од ногата, што беше малку чудно. Не се чувствував добро и не сакав да ризикувам ништо, па затоа побарав замена. Веројатно се работи само за стегнат нерв“, изјави Ван Дајк.
Холандија по две кола има четири бода и се наоѓа на врвот на табелата во својата група. Во последното коло ја очекува дуел со веќе елиминираниот Тунис, а позитивен резултат ќе им обезбеди сигурен пласман во нокаут-фазата.
И покрај поволната ситуација, Холанѓаните немаат намера да калкулираат. Целта е јасна – освојување на првото место во групата и подобра позиција во продолжението од мундијалот.
„Во добра позиција сме. Сакаме да останеме први во групата. Тоа е нашата јасна цел“, порача капитенот на холандската селекција.
ВИДЕО | Нова сензација на Мундијалот: Зеленортски Острови освоија бод и против Уругвај


