8 дена притвор за возачот кој ја предизвика страшната сообраќајка на обиколница

За тешката сообраќајна несреќа на Северната обиколница, во која загина полицаец и совозач во автомобилот БМВ од Гостивар, а две лица беа повредени, обвинителството го сомничи возачот на камионот.

Поведена е постапка од страна на Основното јавно обвинителство Скопје против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 од Кривичниот законик.

Осомничениот управувал со товарно моторно возило МАН со скопски регистарски таблички на 21.06.2019 година, по автопатот Скопје-Тетово-Обиколница на Град Скопје. Кога дошол пред надвозникот Визбегово, не се движел по средината на сообраќајна лента и не ја приспособил брзината на условите на патот и на густината на сообраќајот.

Прочитајте и...  Безживотно женско тело извлечено од Пчиња (ФОТО)

Токму поради тие причини не можел навреме да го запре камионот и удрил во задниот лев дел на автомобил БМВ 535 со гостиварски таблички, кој во тој момент бил запрен во десната сообраќајна лента од страна на мобилна сообраќајна полициска екипа заради рутинска контрола.

Од силата на ударот, патничкото моторно возило БМВ се придвижило нанапред и удрило во паркираниот полициски автомобил Шкода Јети и во метална одбојна ограда покрај патот. Автомобилот БМВ се запалил, при што сопатникот во возилото се здобил со изгореници и починал на лице место.

Полициското возило исто така се придвижило нанапред и удрило во пешаците – возачот на автомобилот БМВ кој бил излезен надвор од својот автомобил и двајца полициски службеници.Тројцата се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Еден од полициските службеници подоцна им подлегнал на повредите здобиени во сообраќајната несреќа.

Прочитајте и...  Скопјанец нападнал келнер по расправија за носење на заштитна маска

Сметајќи дека се исполнети законските основи и дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на осомничениот, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор на осомниченото лице. На претходна постапка судијата го прифати предлогот и на лицето му определи притвор во траење од осум дена.

Прочитај повеќе

Безживотно женско тело извлечено од Пчиња (ФОТО)

Слободен печат

Надрилекар од Неготино продавал „лекови“ по цена од 6.000 денари

Слободен печат

Стружанец нападнал вработен во хотел со железна шипка

Слободен печат

Скопјанец нападнал келнер по расправија за носење на заштитна маска

Слободен печат

СВР Скопје го расветли случајот со опожарено патничко возило во скопско Ново Лисиче

Слободен печат

Воз удри во автомобил

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Повреден велосипедист на Водно

148 мигранти откриени кај Демир Капија и Ваксинце

Во судар загина момче од скопското село Јурумлери

Приведен вработен од Специјалниот завод во Демир Капија поради допирање и бакнување девојка згрижена во домот

Слободен печат

Тетовец со нож се заканувал во продажен објект каде работи неговата поранешна сопруга

Слободен печат

Кривични пријави против двајца тетовци кои со нож и пиштол ги решавале недоразбирањата

Слободен печат