Фото: Илустрација

77-годишен виничанец измамен од лажен лекар за 7.000 евра

Седумдесет и седумгодишен жител на Виница бил измамен за сума од 7.000 евра од лице кое се претставило како лекар, соопшти МВР.

– На 8 јануари 2026 година во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од над 430.000 денари. Според пријавеното, претходно во текот на денот лицето му се јавило, се претставило како лекар и го известило дека неговата ќерка е во болница поради скршеница на нога за која било потребно да се изврши операција со вградување на шипки – соопшти полицијата.

Според пријавеното, лажниот лекар побарал пари за интервенцијата, по што оштетениот, во неколку наврати, ги однел парите на договорено место. Подоцна, откако се вратил дома, му се јавила неговата ќерка, по што сфатил дека станува збор за измама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот