700 илјади луѓе останаа без струја, Бајден прогласи голема катастрофа во Луизијана

Ураганот Ида ја погоди Луизијана/ Фото EPA-EFE/DAN ANDERSON

Поради ураганот Ида, кој вчера ја погоди американската држава Луизијана, загинал еден маж, откако врз него паднало дрво. Како последица на ураганот, 700 илјади луѓе останаа без струја, пренесува Ројтерс.

Како што соопшти Белата куќа, тие ќе дадат помош, привремено сместувајќи ги оштетените лица, а нивните домови потоа ќе бидат поправени.

Oд канцеларијата за внатрешна безбедност и вонредни состојби, објавија дека енергетската компанија „Енерџи“ потврдила дека генераторите се единствениот извор на електрична енергија во градот, така што недостатокот на струка предизвикала катастрофална штета на мрежата за пренос.

„Ова е една од најснажните урагани кои го погодила ова подрачје“ изјави гувернерот на Луизијана, Џон Бел Едвардс.

Од канцеларијата на Бајден потврдија дека тие прогласуваат состојба на катастрофа во државата.

ВИДЕО: Погледнете каков хаос направи ураганот Ида за само еден час

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот