ВИДЕО: Чудовиште удри на Луизијана – ураганот од 4. категорија носи потоп во Њу Орлеанс

Њу Орлеанс пред ударот на ураганот Ида/ Фото: EPA-EFE/DAN ANDERSON

Ураганот Ида пристигна до брегот на Луизијана, а целосно треба да го погоди кон крајот на денешниот ден со цела сила на „голем и крајно опасен ураган“.

Авион на Националната управа за океани и атмосфера на САД во неделата наутро сними снимка од средиштето на ураганот Ида.

Според американскиот Национален центар за следење на ураганите Ида се засили на категорија 4 (од максимален 5). Сега неговите ветрови се со брзина поголема од 240 км/час.

Веќе пристигнуваат и првите снимки од силниот ветер и поплавените подрачја на брегот на сојузната држава Луизијана.

Улици во делови од Њу Орлеанс веќе се поплавени.

Продолжено е и предупредувањето за екстремен ветер во Луизијана за уште неколку часа.

Гувернерот на Луизијана Џон Бел Едвардс вели дека ураганот Ида „ќе биде многу сериозен тест за нивниот систем на насипи“.

Едвардс додаде дека пандемијата дополнително ја компликува борбата на Луизијана со ураганот.

ТОј во разговор за Си Ен Ен заклучи дека „доаѓа време кое ќе носи многу силни предизвици со оглед на тоа дека болниците им се преполни со ковид пациенти“.

Силниот ветер и подигнатото ниво на морето предизвика и поплави во Алабама, јавуваат агенциите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот