ВИДЕО: Погледнете каков хаос направи ураганот Ида за само еден час

удар на Ида/Фото: Patrick T. FALLON / AFP / Profimedia

Ураганот Ида во неделата ја погоди американската сојузна држава Луизијана, југозападно од Њу Орлеанс, како ураган од 4. категорија, објави Националниот центар за урагани во Мајами.

Ураганот донесе со себе максимални ветрови од околу 240 километри на час, кога го погоди брегот по преминувањето на Мексиканскиот залив, додава НЦУ.

Моментално најголемата измерена брзина на ветрот изнесува 249 км/час и ако се зголеми за само 10 км/час, Ида ќе се претвори во ураган од 5. категорија.

Ураганите со таква сила, еден степен помалку или повеќе обично предизвикуваат катастрофални последици, додава НЦУ, и предупреди на висока плима и можни поплави.

Ида го погоди брегот во близина на Форт Форчон, 16 години по ураганот Катрина која го уништи ова подрачје на југот на САД.

Безбедносните камери на противпожарната служба во Делакроа во сојузната држава Луизијана забележаа што направи ураганот Ида за само еден час.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот