Чудотворната крема на грузиските исцелители ги смирува кожните заболувања, особено проширените вени

фото: pexels

Кога традиционалната медицина е немоќна, народните лекови доаѓаат напомош. Постојат разни  креми кои делуваат исто, ако не и подобро од аптекарските. Еве рецепт за чудотворна маст која помага кај рани и кожни болести.

Оваа маст долго време била тајна на грузиските исцелители. Луѓето кои ја пробале тврдат дека е одлична за лекување на еризипел (црвен ветер) и проширени вени.

Потребно е:

– 200 мл маслиново масло

– 100 г природен пчелин восок

– 100 г смола од четинари (бор, смрека, кедар)

– 2 лажици мед

– 1-2 г прополис

Подготовка:
Ставете го пчелиниот восок во тенџере, па додајте маслиново масло и четинарската смола. Варете на пареа 10-12 минути. Ако смолата е сува, прво сомелете ја во прав, па варете ја. Додајте го медот и варете 8-10 минути. Потоа додајте го прополисот и повторно варете 8-10 м инути, со постојано мешање. Тргнете го садот од оган, изладете го и префрлете ја смесата во стаклена тегла.

Оваа маст се чува само во фрижидер. Болното место треба добро да се намачка. Можете да ја користите еднаш до два пати дневно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот