6 фрази од Фрида Кало кои нè учат да се сакаме себеси

Фото: Фејсбук

Фрида Кало не беше само неверојатна жена и незаборавен уметник: таа е вистински симбол на слободата и независноста. Страсна и силна жена, темпераментна и „жива“, без влакна на јазикот. Жена која се почитува и сака себеси. Овие нејзини карактеристики совршено се сумирани во некои од нејзините познати фрази, кои нам можат да ни послужат како мантри кои ја афирмираат важноста на сакањето, пред сè на себе, а потоа и на другите.

Ајде заедно да се потсетиме на фразите на Фрида Кало кои треба да нè придружуваат секој ден:

„Вљубете се во вас и во животот, а потоа во кого сакате“

Оваа фраза на Фрида Кало е едноставна и директна: пред да ја понудиме нашата љубов на другите, мора да се сакаме себеси и животот. Зашто како можеме да уживаме во нечија љубов ако не се почитуваме себе и тоа што ни го нуди животот? Никогаш нема да бидеме совршени, или беспрекорни, но тоа и не ни треба. Само ако се сакаме себеси какви што сме, можеме вистински да ги цениме моментите и чувствата што љубовта ни ги дава. Затоа, првиот чекор е љубовта кон себе, кон сопствените „недостатоци“ и способности, а потоа кон нашиот живот и кон бесконечните можности што тој ни ги нуди, и покрај сите потешкотии.

„Не велам дека можам да направам сè. Јас велам дека ќе го сторам тоа и покрај сè“

Колку е позитивна оваа фраза на Фрида! Таа нè потсетува дека во животот многу е важен начинот на кој им пристапуваме на работите и начинот како гледаме на одредени предизвици, дури и пред да се соочиме со нив. Ако почнеме да размислуваме дека ќе изгубиме, веројатно ќе изгубиме. Покрај тоа, Фрида нè потсетува дека никогаш не треба да ја изгубиме одлучноста со која треба да се соочиме со секој предизвик. Всушност, дека можеме да се соочиме со било-кој предизвик ако имаме одредена цел. Едноставно, треба да стремиме високо и да веруваме во себе, „и покрај сè“.

„Изберете личност која ве гледа како да сте магија“

Оваа фраза на Фрида Кало нè потсетува дека љубовта е нешто што го заслужуваме и дека љубовта мора да направи да се чувствуваме како да сме на „седмо небо“. Не смееме да бидеме незадоволни, не смееме да бидеме со некој само од страв, или од осаменост. И, најмногу од сè, дека мора да избегаме од љубовните приказни кои не ни носат почит и споделувања. Мора да научиме да живееме со љубовта како слободни и независни луѓе. Ако до сега тоа не сме го почувствувале, да не заборавиме дека вистинската личност чека да нè запознае.

„Не ми обрнувај внимание. Јас сум од друга планета. Гледам хоризонти каде ти црташ граници“

Оваа реченица нагласува колку е важно да се знаат и препознаат сопствените уникатни карактеристики, и во љубовта и во другите аспекти на животот. Фрида ни порачува да научиме да го браниме тоа што сме, да ја цениме сопствената способност, да ги поместуваме границите, да „летаме“ со помош на нашите емоции. Фраза на слободата и на суштината да се биде жена.

„Точно е, тука сум, и чудна сум исто како тебе“

Оваа фраза е посветена на сите жени кои се плашат да бидат премногу „чудни“. Реченицата ја содржи целата личност на Фрида Кало, нејзиниот интензивен карактер, нејзината ексцентричност и слободоумност. А, секој од нас има свои особености, карактеристични и „чудни“, и затоа сме сите ние единствени.

„Вива ла вида”

Да живее животот. И ние во него. Да ги живееме авантурите, подемите, но и падовите. Животната приказна на Фрида Кало е комплексна, полна со подеми и падови, но нејзиното мото е „вива ла вида“ – за целосно уживање во сè она што животот го приложува пред нас. Затоа, не треба да живееме за да ги задоволиме другите, туку да си угодиме себеси, да не ги занемаруваме сопствемите чувства и креативноста, и да се сакаме себе повеќе од сè друго. Само тогаш ќе може да застанеме на миг, после подемите и после падовите, и размислувајќи и со срце и со ум да речеме – „Вива ла вида“!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот