50 години од основањето на ООУ „Лазо Трповски“

Во ООУ „Лазо Трповски“, вчера се отвори првата еко – интерактивна училница. По повод празнување на 50 години од основањето на ова училиште, патрониот ден се одбележа на еден поинаков, креативен начин. Имено, учениците заедно со наставниот кадар и со поддршка од Општина Карпош, создадоа училница од еко – материјали. Во надворешниот простор кој се наоѓа во рамки на училиштето, основците ќе можат да другаруваат, но и да присуствуваат на училишна настава. Просторот е соодветно прилагоден и за организирање на различни тематски настани и работилници.

Кратка порака упати и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев кој им честиташе на учениците и наставниците за покажаната креативност, авангардност и енергија.

– Оваа еко – училница пулсира во духот на модерното, на новото време. Вие сте пример како може да се работи и надвор од наставната програма, продуктивно и корисно за целата заедница. Општината ќе продолжи со поддршка на овие проекти – рече Богоев.

На патрониот ден свој перформанс имаше и првата генерација на првачиња од ова училиште, кои се потсетија на нивната младост, детство и училишни денови. Меѓу присутните можеа да се забележат и повеќе јавни личности, како пејачот Дарио Панковски, актерката и пејачка Тања Кочовска, повеќе истакнати професори и спортисти. Дарио и Тања Кочовска се претставија со дел од нивните најпопуларни хитови, евергрини, со што дадоа посебна нота на целата атмосфера.

Во текот на денот се одржа и турнир во одбојка за девојчиња, каде учествуваа четири различни училишта, кои со фер плеј игра ни покажаа дека спортот традиционално се негува во ова училиште.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот