3×3 – EUROEDIL HOLDING го освои второто место на Red Bull Half Court светското финале!
Екипата на EUROEDIL HOLDING, освојувачот на Red Bull Half Court Македонија го освои второто место на светското Red Bull Half Court финале, кое во изминатите два дена се одржува во Дубаи, Обединети Арапски Емирати.
Препорачано
Храбрите момци, кои пред неколку месеци беа најдоминантни на познатиот терен во скопско Влае, во финалниот натпревар загубија од екипата на Египет со 21:12.
Претходно Македонците им одржаа баскет-лекција на екипата од Молдавија во полуфиналниот дуел (19:4), односно на Јапонија во четвртфиналето (14:9).
Во рамки на групната фаза, баскетчиите од EUROEDIL HOLDING славеа против екипата на САД и на Малдиви, додека загубија од екипата од Јужна Африка.
Екипата на EUROEDIL HOLDING настапи во состав: Елвис Хот, Амар Хот, Карло Блажевски и Паоло Блажевски.
– Горди сме на нашите момци! Елвис, Амар, Карло и Паоло оставија срце на терен! Изгубивме во финалето од екипата на Египет, иако ова е најголем успех за нашата 3х3 репрезентација, не застануваме тука! – стои во објавата на 3x3macedonia на Инстаграм.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
3час
-
5час
-
6час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


