33 причини зошто Ѓоковиќ е најдобар тенисер на сите времиња! (ВИДЕО)

фото: твитер

Првиот светски рекет беше непоразен вкупно шест месеци, запишувајќи 43 победи по ред…

Новак Ѓоковиќ (33) повторно својот роденден го слави како најдобар тенисер на светот…

Поради пандемијата на коронавирус во прекин се тениските натпреварувања, но Србинот одлично ја започна сезоната со 18 победи по ред и три важни титули.

Симболично, по повод неговиот роденден, во продолжение ќе издвоиме 33 причини поради кои популарниот Ноле е најдобар тенисер на сите времиња.

1. Освои четири грен слем турнири во низа
2. Има позитивен учинок против Надал и Федерер

3. Во 2015 година ја забележа најдобрата сезона во историјата на тенисот
4. Ги совлада Федерер и Надал на сите четири грен слема

5. Беше непоразен вкупно шест месеци, запишувајќи 43 победи по ред
6. Шестпати го совлада Надал на земја без загубен сет

7. Подобар од Надал во седум финални мечеви по ред во периодот 2011-2012 година
8. Осумпати ја освои титулата на „Австралија опен“.

9. Ги освои сите девет Мастерс турнири и Завршниот мастерс
10.Во 2006 година ѝ помогна на репрезентацијата да остане Евроафриканската зона во Дејвис купот, а во 2010 година стана шампион на светот

11.Трипати подобар од Федерер откако спасуваше две меч топки
12.Подобар од Надал без загубен сет на сите најголеми турнири на земја

13.Во 2011 година освои дури 13 сетови со резултат 6:0
14.Двапати освојуваше грен слемови на кои се соочуваше со меч топки

15.Подобар од Надал во финалето на „Австралија опен 2019) препуштајќи му само осум гемови
16.Забележа апсолутен рекорд по бројот на АТП бодови

17.Забележа 38 победи по ред во сала
18.Само против Надал, Федерер и Мареј има 81 победа во кариерата

19.Во последната деценија против Топ 10 играчи има далеку најдобар однос на победи и порази
20.Со 20 години на ист турнир ги победи тројца најдобри играчи на светот

21.Со Србија го освои првиот АТП куп
22.Триумфираше 15 пати кога спасуваше меч топки

23.Три години во низа освојуваше „двојна круна“ во американската турнеја
24.Прв тенисер кој ја надмина границата од 100 милиони долари заработени на АТП тур од наградите на турнирите

25.Поминаа осум години откако последен пат загуби од Федерер на грен слем
26.Го победи Жил Симон иако имаше 100 неизнудени грешки

27.Поради неговите имитации на Надал, Шарапова и други, стана „Џокер“, целосен хит во светскиот тенис
28.На секој грем слем играше во три финални мечеви по ред

29.Ги победуваше најголемите ривали и кога цел стадион неспортски навиваше против него
30.Забележа 30 грем слем победи по ред

31.Четири пати беше прогласен за најдобар спортист на светот
32.Направи голем „камбек“, враќањето од 2018 ја „заокружи“ неговата кариера. Иако беше отпишан и размислуваше да го остави рекетот некое време, се врати повторно да владее со светкиот тенис.

33.Основаше фондација „Новак Ѓоковиќ“ која со хуманитарна работа им помага на децата во Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот