2МФЛ: Гостивар сигурен, Воска Спорт се израмни со Вардар кој ремизираше со Арсими

фото: ФК Вардар

Продолжија возбудувањата во Втората македонска фудбалска лига (2МФЛ), водечкиот Гостивар во рамките од 16 коло запиша нова победа сезонава откако со 1:0 го совлада Пехчево. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Ринор Ајдини.

Вардар ремизираше со Арсими (1:1), гостите поведоа со погодокот на Абдија, а израмни Десниќ.

Екипата на Воска Спорт беше убедлива против Караорман (4:1), а најубедлив беше Пелистер кој со 5:0 го надигра Кожуф.

Во другите мечеви: Беласица – Детонит Плачковица 2:1, Беса 1976 – Саса 2:0, Слога Виница – Борец 4:0, Тетекс – Охрид 2:0.

На табелата води Гостивар со 40 бодови, пред Воска Спорт и Вардар кои имаат по 37.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот