20 годишна девојка роди момче на Автобуската станица во Белград

Белград фото МИА

20 годишна девојка во Белград се породила на Автобуската станица со помош на хигиеничарката која се затекнала на лице место, пренесува српски Танјуг. 

Од Итната медицинска помош известиле дека дошле на лице место и оттаму мајката и бебето ги пренеле во гинеколошко акушерската клиника „Народен фронт“.

Здравка Рутиќ која е задолжена за хигиената на тоалетот на Главната автобуска станица во Белград, била сведок на неверојатна сцена откако девојката се породила.

„Девојчето роди бебе во тоалетот. Слушнав како некој вика: „Помош!“. Истрчав во тоалетот и најдов девојка многу вознемирена, избезумена, тотално надвор од себе Жената на околу 20 години веќе се породила, а детето паднало во ВЦ шољата! Го извадив бебето, целото беше сино, црно! Успеав да ја оживеам!“, раскажала Рутиќ.

Таа изјавила дека вакво нешто никогаш не и се случило. За среќа, според неа, се завршило добро. Таа изјавила дека обезбедувањето дошло набрзо и повикало брза помош. По телефон им било кажано што понатаму, односно како да ја врзат папочната врвца.

После тоа ги чекале лекарите. Рутиќ наведува дека девојчето родило момче кое ќе се вика Вук.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот