20 години затвор за џудо тренерот од Прилеп кој обљуби четири девојчиња

Полиција / Фото: МИА

Единствена казна затвор од 20 години доби 47 годишниот прилепчанец, џудо тренер Рубин Пеески, обвинет за обљуба на четири девојчиња на кои им бил тренер.

Според портпаролот на прилепскиот Основен суд, Жарко Велески, на Пеески му е изречена и забрана за вршење професија, дејност, од 10 години.

– Осуден е за две продолжени кривични дела – обљуба со злоупотреба на положбата по член 198, став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45, став 1, од Казнениот законик, како и за две кривични дела обљуба со злоупотреба на положбата по член 189 став 2 во врска со став 1 од КЗ. Осуден е на единствена казна затвор од 20 години. Исто така, му е изречена забрана за вршење професија, дејност во траење од 10 години, изјави Велески.

Според обвинението, Пеески во текот на 2020 година во Прилеп и на други места, заради задоволување полови страсти, со злоупотреба на својата положба, извршил полови дејства врз деца кои наполниле 14 години. Станува збор за 4 девојчиња, ученички на кои им бил тренер.

За случајот јавноста дозна во почетокот на минатата година кога еден од родителите го пријавил тренерот во полицијата.

Притвор за тренер по џудо за силување на ученички​ во Прилеп, злосторот траел со месеци

Џудо федерацијата на Македонија објави дека на уапсениот тренер обвинет за силување на малолетнички пред една година му е одземена лиценцата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот