Бугарија полиција/ Фото allOver images / Alamy / Alamy / Profimedia

15 сведоци се испрашани за ужасот во Бугарија: „Момчето било клекнато, со испреплетени прсти на рацете“

Нашата главна верзија и за „Петрохан“ и за „Врвот Околчица“ е убиство со последователно самоубиство или самоубиство, истакнао  денеска заменик претседателката на Софиското апелационо обвинителство Наталија Николова денешната прес-конференција во врска со истрагата за случајот „Петрохан“, објавија бугарските медиуми.

Бугарските власти истражуваат серија тешки злосторства по откривањето на вкупно шест тела во рок од седум дена, во случај кој, според полицијата, може да биде поврзан со затворена заедница со елементи на култ и педофилија.

Последните три тела – двајца мажи и едно 15-годишно момче – биле пронајдени во камп во близина на планината Околчица, на околу 80 километри од планинско засолниште каде претходно беа откриени уште три жртви. Директорот на бугарската национална полиција, Захари Васков, изјави дека сите тројца биле осомничени во претходното тројно убиство.

„Се соочуваме со злосторство без преседан, барем за Бугарија“, изјави Васков, додавајќи дека истрелите најверојатно биле испукани во самиот кампер.

Возилото во кое се пронајдени телата е регистрирано на невладина организација која организира младински кампови. ;

Во тек е обдукција на трите тела пронајдени вчера на врвот Околчица. Петнаесетгодишното  момче и 22-годишниот маж имаат повреди на главата.

„Петнаесетгодишното момче било клекнато со испреплетени прсти на двете раце“, објасни Николова.

Обдукцијата на 51-годишниот маж се вршела во времето на прес-конференцијата.

„Категорично е утврдено дека нема траги од борба“, коментираше обвинителката.

Во регионот Петрохан, смртта настапила до 24 часа пред да бидат пронајдени телата. Сè уште е прерано да се каже за Околчица. Во Петрохан, телата биле надвор, на температури под нулата. Надзорниот обвинител даде дозвола за презентирање информации за случајот Петрохан.

„Покрената е предсудска истрага за смртта на тројца мажи во близина на колиба во регионот Петрохан и во оваа област избувнал пожар. На 2 февруари е добиен сигнал дека има пожар и дека во дворот има три тела. Областа веднаш е оградена. Со првите дејствија на увид на местото на настанот, започнала истрагата, а запленета е и религиозна литература“, рече Николова.

Од нејзините зборови стана јасно дека досега се испрашани 15 сведоци, вклучувајќи малолетници и малолетни лица блиски до жртвите. Побарани се информации за активностите на лицата во Мексико.

Бугарин кој исчезнал пред 10 години е пронајден на планината Пирин, велат дека се криел од лихвари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот