Три години живееја заедно, а таа ги раздели засекогаш: Средба на Адриана и Жељко Јоксимовиќ по 17 години
Жељко Јоксимовиќ беше дел од големиот концерт кој се вика „Мал круг на големите луѓе“ кој се одржа во чест на Масимо Савиќ. На настанот кој се одрежал во Сава Центар, меѓу другите познати личности во публиката седела и неговата поранешна девојка водителката Адриана Чортан, која на својот Инстаграм профил пренесе дел од песните кои се пееја во чест на починатиот пејач.
View this post on Instagram
Инаку, Андриана и Јоксимовиќ беа во врска пред нешто помалку од две децении, заедно поминаа три години, а во тој период и живееја заедно. Како што тогаш пренесуваа медиумите, тие ја прекинале врската поради нејзината колешка Јована Јанковиќ, која денес го носи презимето на пејачот Јоксимовиќ, а која за време на нивната заедничка работа на Евровизија во 2007 година целосно го маѓепсала Жељко.
View this post on Instagram
Некогашните емотивни партнери, денес се во среќни бракови, Жељко со Јована, а Андриана со бизнисменот Немања Симиќ.