Северна Кореја ќе лансира шпионски сателит и покрај противењето на САД и Јужна Кореја

Северна Кореја проектил Хвасонг-17 / Фото EPA-EFE/KCNA EDITORIAL USE ONLY

Северна Кореја во писмен допис ја извести Јапонија дека планира да лансира сателит во периодот од 22 ноември до 1 декември, пишува МИА.

Армијата на Јужна Кореја претходно ја предупреди Северна Кореја веднаш да ги прекине подготовките за лансирање шпионски сателит, истакнувајќи оти во спротивно ќе преземе неопходни мерки.

Пјонгјанг во август вторпат неуспешно лансираше сателит.

Според Сеул, Пјонгјанг и доставува оружје на Москва во замена за руската вселенска технологија, која треба да помогне во лансирање на севернокорејскиот воен шпионски сателит во орбитата.

Северна Кореја годинава изврши рекорден број тестови на оружје, вклучително и на ракети, игнорирајќи ги предупредувањата од САД, Јужна Кореја и нивните сојузници.

Минатата недела Пјонгјанг соопшти дека успешно извршил копнени тестови на нов тип мотор со цврсто гориво за своите балистички ракети со среден дострел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот