11 работи кои родителите требало да ни ги кажат: Животот би ни бил далеку подобар и полесен!

Веруваме дека животот би ни бил навистина полесен и подобар, доколку овие работи ги научевме како деца…

За да не ја направите и вие оваа „грешка“ и малку подобро да ги поготвите своите деца за животот кој често знае да биде суров, седнете и споделете ги овие 11 нешта со нив:

  • Сите твои чувства се добри. Имаш право да го чувствуваш тоа што го чувствуваш, а не тоа што „би требало да го чувствуваш“.

  • Не си должен да го трпиш тоа што не ти одговара, дури ни во најмала мера. Дури и ако тоа ти создава проблеми или потешкотии со нас или со било кого.
  • Никој нема право да ти каже што да правиш, што да мислиш или што да чувствуваш. Дури ниту ние како родители. Секогаш твојот избор е прв. Но знај дека за сè постојат последици и би било добро тоа да го сфатиш на време. Доколку некој се обидува нешто да ти наметне, знај дека тој го пречекорува твојот авторитет. Тоа е агресија и запомни дека кон тоа лице треба да се однесуваш како кон агресор, но запамети ги и зборовите „избор“ и „последици“.

  • На никого ништо не му должиш!
  • Имаш право да се обидуваш, да грешиш, да паднеш и повторно да станеш. Колку пати сакаш или можеш.

  • Имаш право на поинакво мислење. Имаш право да не се согласуваш со другите, да не ги делиш туѓите интереси.
  • Можеш да биде внимателен со луѓето. Не е задолжително, но пробај…
  • Го заслужуваш најдоброто и тоа не она што другите го сметаат за најдобро, туку она за кое ти мислиш дека е најдобро.

  • Сè што посакуваш треба да ти се случи во твоето време, не во свое време, туку во твоето!
  • Секогаш почитувај го договорот, тоа што си го ветил или договорил со некого. Не ветувај напразно, тоа повредува.
  • Јасно покажи го тоа што го сакаш или тоа што ти е потребно. Не очекувај дека другите ќе знаат што сакаш ти, нешто мора да кажеш и на глас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот