11 позитивни во НБА на последниот круг тестирања

Дури 97 проценти од кошаркарите во НБА лигата се вакцинирани против коронавирус/фото: EPA-EFE/WU HONG

НБА лигата објави дека од 13. до 20. јаниуари се забележени 11 случаи позитивни на коронавирусот.

Лигата објави дека вкупно се направени 502 тестови во тој период.
Секој кој е позитивен на коронавирус или е утврдено дека имал близок контакт со заразената личност е изолиран и испратен во карантин се до добивање на негативен тест.

Тоа е процедурата според правилата кои ги воведоа НБА лигата и Унијата на НБА кошаркари, а е во согласност со насоките на Центарот за превенција и контрола на болести (ЦДЦ).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот