11. најголеми трансфер промашувања на Реал Мадрид

EPA/Juanjo Martin

„Кралскиот“ клуб не е имун на погрешни проценки во трансферите.

Весникот „Марка“ состави тим од 11. фудбалери кои Реал Мадрид направи грешка што ги ангажира.

Кико Касиља – Шпанскиот голман пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ пристигна во 2015 година со идеја на претседателот Флорентино Перез, да ја зголеми конкуренцијата на голманската позиција. Но, Касиља ја загуби битката за прв голман со Кејлор Навас и во три ипол годишниот престој, не успеа да се наметне.

Данило – Реал Мадрид во 2015 година плати 31.5 милиони евра на Порто, но никогаш не успеа да се вклопи во системот на игра на Зинедин Зидан. Одличните игри на Дани Карвахал му донесоа предност во првиот тим, а Данило мораше да си замине.

Џонатан Вудгејт – Дефанзивецот на Лидс во редовите на Реал Мадрид пристигна како еден од најдобрите дефанзивци одбранбени играчи во Англија, но епизодата на „Сантијаго Бернабеу“ нема да ја памети по добро. Вудгејт имаше кошмарно деби, откако речиси цела сезона ја пропушти поради повреда, против Атлетик Вилбао си постигна автогол, а потоа заработи и црвен картон, што беше увертира во лошите игри. Читателите на „Марка“ го прогласија за најлошо засилување на Реал Мадрид во 21. век.

Валтер Самуел – Реал Мадрид плати 25 милиони евра за Аргентинецот но по само една година и катастрофални настапи, го врати назад во Серија А.

Тео Ернандез – Целата мака на Флорентино Перез да го донесе Ернандез од градскиот ривал Атлетико Мадрид, се покажа како безвредна. Ернандез во дресот на Реал Мадрид одигра само 13 настапи, за минатата година да биде продаден на Милан.

Асиер Иљараменди – Фудбалерот во 2013 година протистигна во Реал за сума од 32 милиони евра и со епитет на еден од најталентираните шпански фудбалери. Две години подоцна се врати во Реал Сосиедад бидејќи не успеа да обезбеди место во првиот тим.

Нури Сахин – Сахин во Реал дојде до 2011 година за сума од 10 милиони евра но не успеа да го импресионира Жозе Мурињо. По неколку позајмици и само три настапи во Ла Лига, Сахин во 2014 година се врати во Борусија Дортмунд.

Жулиен Фабер – Фабер пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ во сезоната 2008/09 како позајмен играч од Вест Хем, но забележа само два настапи пред да се врати во англискиот тим.

Хавиер Савиола – Иако се сметаше за еден од најдобрите напаѓачи, Савиола во двете сезони во Реал Мадрид, најчесто влегуваше од клупата, настапи на 17 натпревари на кои даде само четири гола.

Ројстон Дренте – Младиот Холанѓанец во 2007 година за сума од 14 милиони евра дојде во Реал, а во петте сезони играше на позајмица во Херкулес и Евертон.

Антонио Касано – Италијанецот беше одличен фудбалер но проблемите надвор од теренот не му дозволија да стане еден од најдобрите. Касано во Реал издржа само една година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот