11 мртви туристи нa албанското крајбрежје

албанско крајбрежје
Албанско крајбрежје/ ТВ Скен

Од почетокот на летната сезона во 2019 година, на албанското крајбрежје животот го загубиле 11 домашни и странски туристи. Оваa бројка произлегува од случаите објавени во медиумите од месец јуни до јули.

Жртвите биле главно над 60-годишна возраст, но имало повеќе несреќни случаи кога во морето умреле и помлади, како што се случило со 18-годишникот кој умрел на една од плажите на Лежа или еден 31-годишник.

Според полицијата, во повеќето случаи постои сомневање дека смртта настанала од акутни здравствени компликации, но досега не постои детален извештај ниту од Државната полиција, ниту од Министерството за здравство за да се појаснат точните причини.

Од друга страна, Канцеларијата за заштита на потрошувачите ги обвинува централните и локалните институции одговорни за недостаток на крајбрежна стража, проблем што е наследен со години.

По проценката на ситуацијата на теренот, Канцеларијата за заштита на потрошувачите ги наведува како најбезбедни плажите во Каваја, како и делумно плажите на Шенџин и Саранда, а на 13 други плажи нема ниту кули за набљудување, пренесува Балканвеб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот