🎙️СПорткаст EП15 | Дургутов: Фуфо ми даде три илјади марки и ме испрати да известувам од фудбалскиот мундијал во 1990-та
Вечерва се емитува петнаесеттата епизода на СПорткаст на „Слободен печат“.
Препорачано
Гостин во најновото издание на СПорткаст со Стефан е спортскиот новинар Мијалче Дургутов. Со Дургутов разговаравме за неговото детство, љубовта кон фудбалската игра, неговите почетоци во новинарството. Дургутов иако е роден штипјанец, е голем фан на Вардар, па неизбежно беше да го прашаме од каде таа љубов кон скопската гордост. Во разговорот кој траеше повеќе од два часа, Дургутов зборуваше и за македонскиот фудбал во 90-те години од минатиот век, како било да се биде спортски новинар тоа време, а исто така пред камерите на Слободен печат открива и зошто не биле во добри односи со тогашниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Љубисав Иванов-Ѕинго. Мијалче Дургутов меѓу македонските новинари го држи приматот кога се во прашање известувањата од Светските фудбалски првенства. Неговиот пат на Светските првенства стартува во Италија 1990, па продолжува во САД 1994, Франција 1998, Јапонија и Јужна Кореја 2002, Германија 2006, Јужна Африка 2010, Бразил 2014, Русија 2018, па сè до Катар 2022, а веќе е и акредитиран за Мундијалот во Мексико, САД и Канада кое е на програмата следното лето.
Вечерва со почеток од 20 часот гледајте ја петнаесеттата епизода на СПорткаст на јутуб-каналот на „Слободен печат“.


