Бронза и за македонските кошаркари на Специјалната олимпијада во Абу Даби

фото: Фејсбук страна на Специјална Олимпијада

Македонската кошаркарска репрезентација го освои бронзениот медал на Специјалната олимпијада која се одржува во Абу Даби.
Македонските кошаркари во натпреварот за третото место беа подобри од Буркина Фасо со 24-18.

Претходно со медал и тоа златен, се закитија пливачите Марио Мицковски и Стефан Трпковски на трките на 50 метри во слободен стил.
Во атлетските дисциплини, Адријан Шабани во трката на 50 метри го освои бронзениот медал.

Видео на денот