Звицер како Ханибал Лектор: Му испраќале ќебапи од сомелени луѓе

Неодамна, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, потврди дека членовите на кланот Вељко Беливук правеле ќебапи од луѓе и му ги испраќале на Радоје Звицер, водачот на Кавачкиот кланот.

Бандата на Веља Беливук на нивниот пријател Радоје Звицер кој е посочен како водачот на „Кавачкиот клан“ и е во бегство, со авион му испраќале два вида ќебапи. Едните биле од сомелено човечко месо од нивните жртви, а другите од свинско месо што го купувале во еден белградски ресторан.

Ќебапите од човечко месо, за кои, како што се сомнева, криминалната група на Вељко Беливук и Марко Миjковиќ ги правелеа од жртвите убиени во Ритопек, а подоцна со авион од Белград му биле пренесувани на Звицер во Црна Гора. Заедно со пратката ќебапи од луѓе, Звицер исто така побарал да му бидат доставени ќебапи од познат белградски ресторан.

– Ќебапите, веќе испечени, му биле испраќани во две одделни кутии. Наводно сакал да ги јаде и двата вида и сакал сам да процени кои се повкусни – вели соговорник за српски Курир.

Неодамна, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, потврди дека членовите на кланот Вељко Беливук правеле ќебапи од луѓе и му ги испраќале на Радоје Звицер, водачот на Кавачкиот кланот.

– Тој Звицер, кога некој ќе го изнервирал, го замолувал Беливук да му испрати ќебапи. Убијците на Беливук ги убивале луѓето, потоа ги мелеле во индустриска машина за месо, правеле ќебапи и му ги испраќаа до Звицер. Пред да ги убијат, ги мачеле своите жртви. Секирите пронајдени во тајниот бункер биле користени за изживување со жртвите. Утврдено е дека тие на некои жртви им ги сечеле тетивите, а со некои чекани ги скршиле зглобовите и главите – рече, меѓу другото, Александар Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот