Ѕвездите позираат без шминка и фризура во домашна изолација, еве какво е нивното секојдневие

instagram

Познатите дами позираат од домашна изолација без шминки и фризури, а со своите фанови комуницираат преку социјалните мрежи, споделувајќи како го поминуваат времето.

Глумицата Џулија Робертс го прифати онлајн предизвикот, па објасни зошто таа одлучила да остане дома. На својот Инстаграм профил постираше „селфи“ на кое можеме да ја видиме во природно издание. Со фотографијата следуваше и постот:

– Поради семејството, малите деловни работи, поради здравствените работници низ целиот свет, за мојот 95-годишен сосед. Останувам дома за да бидам дел од решението.

Поранешната супермоделка Синди Крафорд времето на изолација го минува во својот дом во Лос Анџелес. Времето си го пополнува играјќи друштвени игри. Во духовитото видео покажува како успешно може да се забавува и сама.

Глумицата пак, Калеј Куоко, неодамна, откако првата година во брак ја поминаа одвоени, се пресели во заедничкиот дом со сопругот Карл Кук. Со своите фанови во последно време постојано комуницира на Инстаграм, а со постираното видео откри како се чувствува поради целата оваа ситуација. Дополнително, признава дека има впечаток дека сите денови и се исти. Голема утеха нашла и во животните за кои се грижи – коњите кои ги одгледува со сопругот, како и во долгогодишниот пријател – кучето Норман.

View this post on Instagram

Oh Norman how I love you ? my boy for so many years!

A post shared by Kaley Cuoco (@kaleycuoco) on

Иако е во изолација, глумицата Џесика Алба не сака да пропуштi вежбawe. Taa вежба со ќерката Хонор во домашната теретана. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот