Ѕвездата од серијата „Луд, збунет, нормален“ советува луѓето да им веруваат на лекарите: Може да се победи и малигна болест

Instagram
Instagram

Легендарниот босански актер и комичар Мустафа Надаревиќ (77) пред неколку месеци ја загрижи јавноста во разговор со новинари од Босна. На почетокот на годината тој откри дека боледува од рак на белите дробови.

Profimedia
Profimedia

Кога сфатив дека тоа е дел од животот, дека болеста е дел од животот, тогаш ја прифатив. Кога прифаќате нешто со љубов, тогаш може да се победи и малигна болест“, изјави тој.

Актерот откри за своето искуство со лекарите, испраќајќи порака до сите оние кои спаѓаат во ризичната група.

Можам да им кажам да не бидат примитивно, да не се плашат од лекар. За мене, лекар уште како мало дете беше „леле“, од стоматолог па наваму, сè беше страшно. Добро е да се оди на време на прегледи затоа што тогаш лекувањето е многу побрзо“, изјави тој.

Актерот од популарната серија „Луд, збунет, нормален“ истакна дека верува дека е можно да се победи болеста и дека токму овој став го зајакнал.

Од медиумот „24 sata“ го контактирале актерот со обид да дознаат повеќе информации за неговото здравје а тој само накратко рекол „Ви благодарам што се грижите, подобар сум“.

Instagram
Instagram

Надаревиќ девет години го играше познатиот лик Изет Фазлиновиќ во популарната хумористична серија „Луд, збунет, нормален“. Сценаристот на серијата, Феша Исовиќ за „Avaz.bа“ изјавил дека ќе продолжат со снимање на серијата, но не без Мустафа.

Серијата ќе трае сè додека Мустафа може да го понесе товарот на напорна работа. Во моментов снимаме нови епозоди. Тој сега во добро здравје, добра енергија, мислам дека ќе продолжиме да работиме. Неговите здравствени проблеми сега, за среќа, се повлекоа и работиме со полна пареа. Не ни паѓа на памет да снимаме без Мустафа Надаревиќ. Никогаш не сме размислувале за тоа“, изјавил сценаристот Феша Исовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот