Мирослав Јовановиќ- директор и медиа директор на „Слободен печат“

ФОТО | Зубин Мехта на „Слободен печат“

Еден од ретките кој со своето молчење знае многу повеќе да каже отколку толпа разноразни говорници на тараба. Доколку кажам дека умот му работи со брзина на светлината, и тоа е недоволно да се опише неговата луцидност. Неговата суштина е (навидум) едноставноста, насмевката, добронамерноста, рационалноста, секогаш позитивен кон каква било сугестија. Тој е човек од чест и интегритет, секогаш со јасен и бескомпромисен став, неспремен да преговара за своето „вјерују“. Човек столб!

Денес заминува во пензија вашиот и нашиот Злате Лозановски – главниот и одговорен уредник на весникот „Слободен печат“, под чија диригентска палка и такт весникот секојдневно ве информираше за случувањата во земјата и светот. Многу е тешко во вакви пригоди да се избегне правилото – „јас тебе војводо, ти мене сердаре“, но вистината секогаш била нешто кон што сите во колективот сме се стремеле, па и ова нема да биде исклучок.

Се потврдува аксиомот дека за вонсериски личности и нивната суштина, сè уште не се измислени доволно прецизни зборови со кои би ги опишале; ако наведам дека Злате е еден од најобразованите луѓе што ги имам сретнато во животот, звучи како излитена фраза. Врвен познавач на македонскиот јазик, граматика, лексика. Еден од ретките кој со своето молчење знае многу повеќе да каже отколку толпа разноразни говорници на тараба.

Доколку кажам дека умот му работи со брзина на светлината, и тоа е недоволно да се опише неговата луцидност. Всушност, неговата суштина е (навидум) едноставноста, насмевката, добронамерноста, рационалноста, секогаш позитивен кон каква било сугестија, но она што го издвојува од армијата новинари, уредници итн. е нешто исклучително ретко во денешно време; тој е човек од чест и интегритет, секогаш со јасен и бескомпромисен став, неспремен да преговара за своето „вјерују“.

Човек столб! Сите негови доблести и квалитети се рефлектираа на нашиот и вашиот „Слободен печат“, на што нашиот колектив му е бескрајно благодарен на единствениот Злате Лозановски.

Му посакуваме добро здравје и мирна пензија.

П.С. Доколку му здодеат пензионерските денови, знае Злате каде се прави најдоброто кафе, каде се водат интересни разговори на разни теми; тоа е редакцијата на „Слободен печат“, која за Злате Лозановски засекогаш (за секој случај) ќе ја држи влезната врата на нашиот колектив ширум отворена.

(Авторот е директор и медиа директор на „Слободен печат“)

Фото: Слободан Печат/Слободан Ѓуриќ
Фото: Слободан Печат/Слободан Ѓуриќ
Фото: Слободан Печат/Слободан Ѓуриќ
Фото: Слободан Печат/Слободан Ѓуриќ
Фото: Слободан Печат/Слободан Ѓуриќ
Фото:Слободан Печат/Слободан Ѓуриќ
Фото: Слободан Печат/Слободан Ѓуриќ
Фото: Слободан Печат/Слободан Ѓуриќ
Фото: Слободан Печат/Слободан Ѓуриќ

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот