Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките?

Фото: EPA/LESZEK SZYMANSKI

Ноќта на вештерките е еден од најпопуларните празници во западниот свет. Настанал од келтските пагански обичаи за време на жетвата Самхаин, а бил посветен на истоименото божество.

Kелтите, кои живееле на просторите на денешна Ирска славеле Нова година на 1 ноември. Келтските пагански народи немале конкретен календар, па крајот на жетвата го сметале за симболичен крај на годината.

Ноќта пред Нова година го славеле Самхаин. Се верувало дека духовите на мртвите тогаш се враќаат на земјата каде што прават проблеми и ги уништуваат посевите. За да се избркаат злите духови, Келтите облекувале страшни костими од животни.

Ноќта на вештерките најверојатно би останала локализирана, ако ирските имигранти овој празник не го пренеле во Америка во 19 век. Во Америка празникот го нарекле Халовин, а кај нас е преведен како Ноќ на вештерките.

Римјаните исто така ѝ давале значење на оваа ноќ, а ја сметале и за зимски мрачен период од годината. Тие во оваа ноќ ги гаснеле огновите во огништата и верувале дека мртвите доаѓаат на овој свет. За да ги избркаат мртвите, на своите прагови оставале различен зеленчук кој претходно го длабеле. Сега најчесто се длаби тиква, а тоа во поголемиот дел од светот каде што се обележува овој празник е прифатено од Американците.

Боите што се поврзуваат со овој празник се портокалова, која асоцира на тиква и црна, која се поврзува со смртта. Во многу земји меѓу кои Франција и Австралија, овој празник, е непожелен и се смета за премногу комерцијално американско влијание.

Profimedia

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките?

Обичајот се заснова на легендата за ковачот Џек. Тој бил познат по својата итрина, но бил и многу скржав. Една од многубројните приказни зборува за тоа како овој ковач успеал да го измами ѓаволот.

Џек му ја понудил својата душа на ѓаволот за замена за пијалак.

Според легендата, кога ѓаволот се претворил во паричка, Џек брзо го ставил во џебот покрај крстот, поради што ѓаволот не можел да се врати во својот облик. Итриот ковач го пуштил ѓаволот дури кога тој му ветил дека нема да ја бара неговата душа следните десет години.

Кога Џек умрел, поради грешниот живот не бил примен во рајот, па отишол во пеколот. Ѓаволот, како што му ветил претходно, го пратил назад, подарувајќи му парче јаглен.

Според легендата, ковачот во џебот имал репка која ја издлабил и ја ставил внатре. Оттогаш тој станал скитник, кој обидувајќи се да го најде патот до дома, оди по мрачните улици носејќи ја репката во раце и плашејќи ги луѓето околу себе.

Како што се ширила легендата, така и приказната се менувала. Поради тоа, некои длабеле домати, некои компир, за на крајот општопризнат симбол да стане тиквата.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот