Зошто не е препорачливо чашите да се ставаат наопаку по миењето
При миење на садови, многумина имаат навика чашите да ги оставаат свртени наопаку за полесно да се исцедат. Сепак, експертите предупредуваат дека оваа практика може да ја наруши нивната издржливост и квалитет.
Препорачано
Според стручњаците, работ на чашата е најчувствителниот дел од стаклото. Кога чашата се поставува наопаку, токму тој дел ја носи тежината на целата чаша, што со текот на времето може да доведе до оштетувања или пукање.
Експертката Чај Вагнер (Chaj Wagner) за „Сан“ (The Sun) објаснува дека многу чаши имаат нежна ивица која не е наменета да издржи целосен притисок. Иако ставањето наопаку е честа практика поради спречување собирање прашина во внатрешноста, таа носи повеќе ризици отколку придобивки.
Филигранските, тенки чаши треба да се мијат многу внимателно и со низок притисок на водата. Потешките и подебели чаши, пак, можат да издржат посилно миење и поголем притисок, со цел побрзо и поефикасно да се исчистат и повторно да се користат.
Дополнително, кај стаклените чаши честа појава е и корозијата – природен процес на стареење, при кој при секое миење се отстранува микроскопска количина стакло од површината. Кај постарите или веќе оштетени чаши, ова абење не е рамномерно и станува видливо со време.


