Зошто јас? Кога Мартин Јованоски го допрел дното, ја започнал својата писмена исповед за борбата со анксиозноста

Фото: Приватна архива

ВИ ЈА ПРЕПОРАЧУВАМЕ: Автобиографска книга за анксиозност и панични напади на Мартин Јованоски.

Обиди се да не паничиш. Ова најверојатно е најлошата фраза која некој може да ви ја каже кога веќе сте среде паничен напад.

 

фото приватна архива

Никој не разбира што значи да се пати од анксиозност или панично нарушување освен ако тоа не го искусил на своја кожа. Забрзана работа на срцето, испотени дланки и јаки мачнини, паничниот напад воопшто не е наивно чувство.

Оние кои секојдневно се борат со паничните напади се многу силни лица. Верувајте, ве слушнале, но не, едноставно не можат да престанат да чувствуваат тежина.

Анксиозноста е многу реална и опасна, постои и се шири со огромна брзина. Таа или јас како победник на крајот, крвава војна во која упорно ги губиш битките. Една по една – стотици на број! И на крај повторно си го поставуваш прашањето – Зошто јас?

– Тоа прашање многумина си го поставуваат, не сум само јас. Но тоа прашање забораваме да си го поставиме кога доаѓаат убавите моменти, тогаш не размислуваме толку длабоко, но кога ќе паднеме и ќе се почувствуваме различно од светот, веднаш следува тоа прашање, зошто баш јас? Кому згрешив и со што го заслужив ова? И претпоставувам доволно долго си го поставував тоа прашање и за тие две зборчиња од книгата бев најсигурен. Остатокот од книгата решив да го пишувам како што ќе ми доаѓаат мислите – вели Мартин.

Со прашањето Зошто јас? почнува и автобиографската книга на младиот автор Мартин Јованоски во која отворено зборува за својата борба со анксиозноста, стравовите и со паничните напади.

– Многу бев против дневници и неможев да сватам како луѓето можат искрено да пишуваат дневник. Особено ме зачудуваше помислата, а што ако тоа некој го прочита, како може најинтимното да го ставиш на листови хартија. Гледајќи од сегашен аспект, видов дека е добар процес, но прво мораш да си расчистиш со себе, да немаш проблем да ги ставиш на хартија, секој страв, паника, секој удар, секој пад и солза – се потсетува Мартин.

Сè она што го доживеав и борбата што ја водев, ја преточив во книга која ја замислив како финале на мојата долготрајна борба – вели Мартин.

На 14 јули 2017 година го допрел дното…

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот