Зошто бабите повеќе ги сакаат внуците од  децата?

Колку време поминувате со својата баба?

Според неодамна спроведените испитувања, внуците кои имаат блиски емоционални поврзаности со своите баби имаат помалку шанси да бидат депресивни во иднина. За среќа бабите имаат таква навикана своите внуци да им пружаат многу повеќе љубов, понекогаш и повеќе отколку на своите деца.

Еве неколку причини зошто се случува тоа:

Колку луѓето се постари, толку се „помеки“ и помудри

Бабите стануваат „помеки“ откако ќе го проживеат својот живот полн со избори и разочарувања. Со тие научени лекции, тие стануваат позрели и поотворени за градење значајни врски со други луѓе, почнувајќи од своите внуци.

Бабите имаат поинакви приоритети

Кога ќе станете баба, вашите приоритети се менуваат. Децата ви се пораснати и нема потреба константно да им помагате. Конечно имате време да бидете со своите внуци. Сега сте поблиску до пензија отколку кога сте биле родител или веќе сте во пензија и можете да го искористите тоа време за да ги научите своите внуци се што знаете.

Бабите не се критички настроени како родителите

Обично на децата им е многу лесно да ги засакаат своите родители, бидејќи живеат со нив и делат нераскинлива врска. Меѓутоа, родителите понекогаш можат да бидат многу критички настроени спрема своите деца, што ги нервира и двете страни.

Бабите не ги казнуваат своите внучиња поради лошото однесување, како што тоа го правеле некогаш со своите деца. Бабите секогаш се трудат да ги придобијат  внучињата, да ги разгалат со љубов и со играчки, а не ги казнуваат и критикуваат.

За внуците можат да направат сè што не направиле за своите деца

Кога жените ќе постанат баби, тие на своите внуци можат да им прават се што немале време и прилика на своите деца. Можат да анализираат каде погрешиле емоционално со своите деца и да постапуваат поубаво со внуците. На нив можат да им искажат љубов без стрес, одговорност и грижа која ја имаат родителите.

Улогата на баба е помалку стресна и комплицирана од родителската

Родители

Родителите се одговорни за едукацијата на децата и основните потреби, а бабите ја немаат таа улога. Улогата на баба е важна но таа нема иста одговорност каква што имаат родителите. Нивната улога е фокусирана на давање емотивна поддршка и совети.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот