ЗОИ во Италија поминале без ниту еден допинг-скандал, првпат по 28 години
Зимските Олимписки игри кои се одржаа во Италија во Милано и Кортина се првите по цели 28 години на кои досега не е забележан ниту еден позитивен допинг тест.
Препорачано
Во текот на Олимпијадата, која се одржа од 6 до 22 февруари, биле анализирани повеќе од 3.000 примероци земени од околу 2.000 спортисти, а досегашните резултати не покажале ниту едно прекршување на антидопинг правилата.
Ова е прв ваков случај уште од Зимските олимписки игри во Јапонија во 1998 година, кога исто така немаше позитивни допинг тестови во текот на самите натпревари. Сепак, експертите предупредуваат дека ваквиот исход не значи дека нема да се појават прекршоци во иднина.
Имено, примероците се чуваат до 10 години, што овозможува повторни анализи со понапредни технологии доколку тие станат достапни. Токму затоа, сè уште е рано овие Игри да се прогласат за најчисти во историјата.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
6час
-
8час
-
9час
-
9час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


