ЗНМ со осуда за поттикнувањето омраза на пратеникот Апасиев кон новинарката Димковиќ

Здружение на новинарите / Фото: Лого, Архива на Слободен печат

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), ја осудува непримерната јавна комуникација со елементи на омраза на актуелниот пратеник и лидер на политичката партија „Левица“, Димитар Апасиев кон новинарката Габриела Димковиќ – Мишевска од онлајн медиумот „А1он“.

„Пратеникот Апасиев на својата фејсбук страница јавно ја етикетира и омаловажува колешката Димковиќ поради нејзините претходни написи во врска со измените на законот за финансирање на политички партии.

Преку ваквата непримерна комуникација освен обидот за јавна дискриминација на новинарката Димковиќ, нејзината уредничка Мери Јордановска и медиумот во кој тие работат, пратеникот Апасиев јавно провоцира и други лица да споделуваат погрдни зборови но и закани упатени кон колешките и овој медиум.

Фактот што овие закани како и говорот со елементи на омраза остануваат како одговор на претходната објава на пратеникот Апасиев, истите можат да поттикнат дополнителна омраза но и насилство кон новинарите.

Потсетуваме дека според Кривичниот закон тој што во јавноста промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група е кривично дело и ќе се казни со затвор од една до десет години. ЗНМ за овој инцидент ќе поднесе пријава до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и ќе бара да се преземат дополнителни мерки од страна на МВР за овој случај.

Ова не е прв пат пратеникот Апасиев јавно да се пресметува со новинари и медиуми за кои не му се допаѓа како известуваат. За потсетување, минатиот месец, ЗНМ поднесе претставка за прекршување на етичкиот кодекс на пратеници до Собранието на РСМ поради јавното омаловажување на пратеникот Апасиев кон новинарот Боби Христов од ТВ Телма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот