Нов паркинг кај МЕПСО / Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

ЗНМ: Недозволиво е институции и компании да прават селекција на „подобни“ и „неподобни“ медиуми

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира со осуда поради, како што велат, селективниот пристап на државната компанија МЕПСО при организирањето брифинг за медиуми, на кој не бил поканет медиумот ПорталиХ, иако токму оваа редакција претходно објави серија стории поврзани со темите за кои се дискутирало на настанот.

„Сметаме дека ваквата практика претставува сериозно нарушување на принципите на транспарентност, еднаков третман на медиумите и правото на јавноста да биде неселективно информирана. Недозволиво е јавни институции и државни компании да прават селекција на ‘подобни’ и ‘неподобни’ медиуми, особено кога станува збор за редакции што критички известуваат за прашања од јавен интерес“, забележуваат од ЗНМ.

Според ЗНМ, брифинзите и комуникацијата со медиумите не смеат да се користат како механизам за фаворизирање или исклучување на одредени редакции.

„Институциите имаат обврска да обезбедат еднаков и недискриминаторски пристап за сите медиуми, без оглед на нивната уредувачка политика или критичкиот однос кон носителите на јавни функции. Бараме одговорност и јавно објаснување од МЕПСО за причините поради кои ПорталиХ не бил поканет на брифингот, како и јасна гаранција дека ваквата пракса нема да се повторува во иднина“, наведуваат од ЗНМ.

Од ЗНМ апелираат дека во демократско општество, транспарентноста не смее да биде селективна, а критичкото новинарство не смее да биде причина за исклучување од јавни настани и комуникација со институциите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот