ЗНМ најостро ги осудува заканите кон новинарската екипа на ТВ Клан

Здружението на новинарите на Македонија бара од Министерството за внатрешни работи итно да го идентификува лицето кое се заканило на новинарите и да поднесе соодветна кривична пријава до Основното јавно обвинителство.

Здружението на новинарите на Македонија најостро ги осудува заканите кон новинарската екипа на ТВ Клан. Денеска новинарот Фуркан Салиу и снимателот Ибрахим Мамути биле на терен во селото Ваксинце, каде забележале и снимиле поголема група на емигранти која се движела во тој регион.

Откако ја направиле снимката, тие со автомобил се упатиле назад кон Скопје, по што, еден автомобил со кумановска регистрациска табличка им го пресекол патот, а од него излегол човек кој директно им се заканил на новинарите и побрал од нив да ги избришат снимките и да не ги објавуваат.

Здружението на новинарите на Македонија бара од Министерството за внатрешни работи итно да го идентификува лицето кое се заканило на новинарите и да поднесе соодветна кривична пријава до Основното јавно обвинителство. Според новинарската екипа на ТВ Клан, случајот е пријавен во полиција веднаш по примање на заканите.

-Затоа, очекуваме МВР веднаш да започне истрага, а со тоа да се испрати порака дека такви напади нема да се толерираат- стои во соопштението од ЗНМ.

Освен тоа, ЗНМ ги повикува домашните и меѓународните институции кои работат на заштита на правата на мигрантите да се заинтересираат за случајот и да помогнат за целосно расчистување. Оттаму потсетуваат дека цензурата е забранета со Уставот, а заканите кон новинарите се апсолутно неприфатливи, претставуваат кривично дело и за нив се одговара пред судот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот