Злоупотребена „Медена земја“: Пиратска верзија на македонскиот документарен филм одекна на Јутјуб

Пред неколку часа на Јутјуб пуштена е пиратирана верзија на македонскиот документарен филм „Медена земја“, а истиот може да се гледа во целост, но не за долго.

Иако видеото стана вирално на социјалните медиуми и некои македонски медиуми ентузијастично ја пренесоа веста дека документарниот филм е достапен за гледање на Јутјуб, режисерот Атанас Георгиев во изјава за СДК потврдува дека документарниот филм е пиратиран и нелегално пуштен на видео платформата, како и дека по нивната реакција на Јутјуб истиот ќе биде отстранет. Тој напоменува и предупредува дека секакво објавување на линкот од Јутјуб со пиратираниот филм е казниво со закон и дека соодветно ќе реагираат.

Светските дистрибутерски права за „Медена земја“ и припаѓаат на американската куќа „НЕОН“, додека документарниот филм во моментов може да се гледа на гигантската стриминг платформа  „ХУЛУ“.

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ е во трка за два оскари, и тоа за најдобар документарен филм и најдобар интернационален филм. Освен што овие две номинации испишуваат нова историја во македонската кинематографија, за прв пат во историјата на Оскарите документарен филм добива номинација и во категоријата најдобар интернационален филм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот