Златна топка: Сите награди одат во Мадрид и Барселона
Најавите се дека најважните награди на вечерашната церемонија во Париз одат во Мадрид и Барселона. Доделувањето на наградите ќе се одржи вечерва од 20.00 часот во театарот Шатле во францускиот главен град.
Препорачано
„Златната топка“, највисокото индивидуално признание во светот на фудбалот, најверојатно ќе му припадне на Карим Бензема, асот на Реал Мадрид и предводник на клубот кој минатата сезона ја освои двојната круна, во Лигата на шампионите и Ла Лига, пишува „Марка“. .
За најдобар млад играч се очекува да биде прогласен талентот на Барселона, Пабло Мартин Паес Гавира, или подобро познат како Гави, кој ќе ја добие наградата „Рајмон Копа“, која го носи името на легендарниот француски голгетер.
За најдобар голман, трофејот „Лав Јашин“, во чест на големиот руски (советски) голман би требало да биде прогласен Тибо Куртоа од Реал Мадрид.
И на крајот Златната топка во женска конкуренција се најавува дека ќе биде во рацете на фудбалерката на Барселона, Алексија Путељас, иако во овој случај има знак прашалник, бидејќи поради повреда го пропушти Европското првенство. Путељас е прогласена за најдобра фудбалерка во Лигата на шампионите.
Who are you backing to win the Ballon d'Or? ?⚽️ pic.twitter.com/4E1cDROPdC
— Eurosport (@eurosport) October 17, 2022


