Фото: facebook/Дарко Костовски

Златен медал за Дејан Георгиевски на меѓународниот теквондо турнир Скопје Опен Г1

Македонскиот теквондист Дејан Георгиевски освои злато на елитниот меѓународен турнир Скопје Опен Г1 остварувајќи четири победи.

Нашиот натпреварувач на стартот успеа да го совлада Абдула Ал Магди од Австрија, потоа го елиминираше европскиот шампион Иван Шапина од Хрватска.

Во третата борба славеше против бронзениот светски медалист Пашко Вожиќ од Хрватска.

Во финалниот меч за златниот медал Георгиевски доминираше и дојде до победа над Илиа Рудерман од Израел.

Покрај медалот, Георгиевски освои и нови значајни бодови за олимписка норма.

На овој турнир што се организира во салата „Борис Трајковски“, учествуваат 1000 теквондисти од 41 земја од светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот