Зигмунд Фројд: Принтскрин/Јутјуб

Зигмунд Фројд откри 5 горчливи вистини за животот: Ако верувате во љубов, ова може да ви го промени мислењето

Постојат 5 горчливи вистини за животот на кои нè научи Зигмунд Фројд, а сите се помалку морничави.

Зигмунд Фројд, таткото на психоанализата, беше и невролог, научник, психијатар, психотерапевт, филозоф и писател. Целиот живот се бореше со вистините за човечките суштества и постоењето, поради што сè што кажал има голема вредност.

Кога љубовта станува бојно поле? Фројд објасни како емоциите паѓаат во втор план, а потоа исчезнуваат во минатото

Ова се најгорчливите вистини што ни ги откри Зигмунд Фројд за животот:

1. Единственото нешто што е сигурно е смртта

Лицето што е свесно за тоа, не се плаши од ниту еден храбар чин. Затоа најголемата вистина за животот е неговата спротивност – неговиот крај, кон кој сите одиме.

2. Само два фактора го штитат здравјето

Постојат два главни фактори што го штитат човековото здравје:

љубовта кон работата и љубовта кон животот.

Не значи дека нема да живееме само затоа што некогаш ќе умреме. Ако претпоставиме дека веќе живееме, тогаш тоа значи дека и ќе умреме. Можеме да го сакаме цвеќето, дрвјата, дождот и мирисот на земјата по дождот. Постојат работи што вреди да се сакаат во животот.

Не треба чашата да ја гледаме како полупразна. Но не треба ни да мислиме дека е полуполна. Треба да ја гледаме каква што е.

Работата што ја работиме може да ни го направи или уништи животот. Болката од работа што ја мразиме е полоша од болката кога ќе се удриме во прст. Затоа што оваа втората трае неколку минути, а болката од работа што ја мразиме трае цел живот.

3. Нашите слабости се исто така наша сила

Единствениот начин непријателите да нè победат е ако ги гаѓаат нашите слабости. Ако човек ги прифати своите мани, тогаш нема ништо што другите можат да го искористат против него.

Можеме да се зајакнеме ако ја прифатиме фактот дека имаме слабости.

4. Не постои нешто како љубов – постои само либидо

И тоа не е произволна мисла, туку став на невролог, психолог, научник, филозоф, психијатар и психоаналитичар со долгогодишно искуство.

5. Луѓето се поинтелигентни отколку што можат да замислат – и незамисливо неморални

Во животот секогаш постојат два патишта. Кој и да избере некој, бесмислено е да се критикува неговиот избор. Тоа го прави само личност со недостиг од морал, пишува „Сенса“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот