Зибери: На двајца затвореници од Диво Насеље им следува слободен викенд

Насер Зибери, Народен правобранител / фото: „Слободен печат“

Двајца осудени од кумановската група која беше дел од настаните во Диво Насеље исполнуваат законски услови за користење слободен викенд, констатирал Народниот правобранител, Насер Зибери, јавува ТВ 21. Станува збор за Арсим Бајрами и Мусадик Пајазити. Вакво право немал Елхам Арифи.

-Лицата кои се грижат за реализација на индивидуалната програма за ресоцијализација и подобрување на однесувањето на осудените, веднаш доставија предлог до Комисијата при Казнениот дом – овие лица да добијат право за користење на викенд, вели Зибери.

Но, проблемот за користење на ова право е Комисијата која сѐ уште не излезе со мислење во однос на ова барање.

-Ние побаравме дополнително објаснување за ова и ни беше кажано дека Комисијата нема предвиден рок со закон и Правилник согласно кој треба да достави мислење до директорот. Имајќи го предвид ова, ние побаравме од директорот писмено да се изјасни – зошто во овој случај има избегнување на досегашната пракса за одлучување во рок од 1 или 2 недели во однос на барањата за користење викенд?, вели Зибери.

Анализата на Зибери доаѓа 12 дена откако семејствата на затворениците се пожалиле дека на нивните роднини кои служат казна им се негира правото за слободен викенд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот